Грејачи по нарачка - со димензии и јачина по ваш избор ! Контактирајте не

За нас

Основна дејност на ЕТЕС КОМ ДС е трговија на големо со резервни делови за бела техника и апарати за домаќинство. Стабилната работа и постојаниот раст на продажбата доведе до проширување на палетата на производи и зголемување на бројот на вработени. Денес, нашата понуда вклучува и мали апарати за домаќинство.

ЕТЕС КОМ ДС има своја канцеларија, магацински простор и развиена логистика, која брзо и ефикасно одговора на барањата на клиентите. Нашиот тим се состои од стручен кадар кој поседува одлични комерцијалистички и технички способности. Нашата цел е да го задржиме и подобриме квалитетот на соработката со голем број на компании кои работат на големо, мало и услужни објекти на територијата на Македонија.
 

Со спроведување на интернет каталогот веруваме дека ќе се подобри квалитетот на услугите кон нашите клиенти. Нашата цел е да се овозможи пристап до информациите за резервните делови од белата техника што е можно поблиску до клиентите низ целата земја.


Најголем избор на резервни делови за бела техника во Македонија.